ТФТ е победник на првиот меморијален турнир „Анте Дуковски“

1 min read

Играчите на ТФТ се победници на првото издание од меморијалниот турнир „Анте Дуковски“, кој во неделата која е зад нас се играше во Скопје, а во чест на прерано починатиот тренер на МЗТ Скопје и на повеќе младински репрезентативни селекции.

Во големото финале, „црно-белите“ од Тафталиџе убедливо го совлада новиот прволигаш Феникс 2010 со резултат 106:83.

Американецот Хортон беше најдобар стрелец во победничката екипа со 26 поени. Неговиот сонародник, Бродвеј реализираше 19 поени, а Маслинко и Ташовски постигнаа по 14 поени.

Куртис Џоунс беше незапирлив во редовите на Феникс 2010 со 35 поени, а репрезентативецот Митревски додаде 17.

Претходно, третото место го освои екипата на Академија ФМП, која во „малото финале“ го совлада Куманово (75:71).

Инаку на овој турнир настапија уште и екипите на Работнички и Ангели, кои не ја поминаа првата, групна фаза на овој премиерен собир, на кој настапија шест прволигашки екипи.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

АТП: Ѓоковиќ останува на тронот, но Медведев опасно се приближува

Следно

Пицула: Злоупотреба на верски настани не им прилега на кандидати за ЕУ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian