Стевановиќ: Одговорност за трагедијата во Тетово не треба да се бара кај министерот или кај управата на болницата, но истрага мора да има

3 mins read

Во модуларната болница во Скопје сместена до Инфективната клиника, има ПП апарати, но не и прскалки за гасење на пожар, вели за „Слободен печат“ директорката на Инфективна, д-р Милена Стевановиќ. Таа додава дека прскалки за гасење пожар нема ни во зградите на клиниката.

Прашањето за безбедноста на модуларните болници се отвори по стравичниот пожар кој ја пеплоса болницата во Тетово. Според Стевановиќ, модуларните болници се безбедни, а опозициските партии не треба да шират паника помеѓу населението само за да добијат политички поени.

– Тврдам дека целиот персонал во Клиниката и во модуларната болница го дава својот максимум за доброто на пациентите. Неетички е да се шират вести дека модуларните болници не се добри, најмногу поради доброто на пациентите. Ние мораме таму да сместуваме пациенти, а од друга страна нив им се наметнува верување дека тоа е опасно за нивниот живот. Тоа се пациенти кои веќе се исплашени за нивниот живот, не им требаат дополнители заплашувања, кои патем се и невистинити, нагласува д-р Стевановиќ, и додава дека ниту еден пациент не реагирал затоа што е хоспитализиран во модуларната болница, дури ниту по трагедијата во Тетово.

Таа објаснува дека лековите кои ги добиваат пациентите во модуларната болница се исти како и на Клиниката за инфективни болести. Има обезбеден кислород за пациентите кои се во потешка клиничка слика, а бројот на персонал е идентичен на двете места.

– Никој не рече дека се иделани, но подобри се од било која друга импровизација, така што ниту еден пациент не треба да биде загрижен за своето здравје ако биде сместен во модуларниот ковид-центар, нагласува Стевановиќ.

Во моментов има околу 150 пациенти на клиниката, а бројот на прегледани пациенти со ковид се намалува речиси двојно.

– Вчера имавме 63 пациенти, а до неодамна бројот се искачуваше над сто. Тоа ми дава надеж дека наскоро ќе почнеме да ја празниме модуларната клиника, но не затоа што е небезбедна, ниту пак поврзано со трагедијата во Тетово, туку затоа што на тој начин ќе го одмориме персоналот. Кога се хоспитализираат пациенти прво се пополнува капацитетот на Клиниката, потоа на модуларната и на крај се хоспитализираат пациенти на клиниките кои немаат примарна намена за ковид. За празнење на болниците, ќе одиме по обратен редослед, нагласува д-р Стевановиќ.

Таа е децидна дека одговорност за трагедијата во Тетото не треба да се бара кај министерот за здравство, кај замениот, ниту кај управата во болницата, но истрага мора да има.

 

 

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

У17 македонските надежи триумфираа против Кипар, следен ривал е Србија

Следно

Единственото преживеано момче при пад од жичара во Италија, пребегнало во Израел

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian