Шведска им забрани на родители да го крстат својот син Владимир Путин

1 min read

Родителите на момче родено во Лахолм во северна Шведска поднеле до Даночната управа барање за плаќање такса за крштевање на детето, кое им било одбиено, бидејќи сакале да го наречат својот син по рускиот претседател Владимир Путин.

Иако не е непознато дека шведскиот закон забранува имиња што се навредливи или може да бидат извор на некакви непријатности, причината за одбивањето во овој случај не е откриена.

Како што пренесо странските медиуми, родителите на момчето биле принудени да предложат друго име, а претходните години на листата на забранети имиња се најдоа Алах, Форд, Мајкл Џексон, Пилснер и други. Меѓутоа, имаше и случаи кога судот пресуди дека Даночната управа ги оштетила граѓаните.

Тоа се случи во 2007 година, кога на родителите, сепак, им беше одобрено на својата ќерка да ѝ го дадат името Металика. Од друга страна, имаше и необични одобрувања кога во 2019 година, родителите на своето дете му го дадоа Гугл по најголемиот веб-пребарувач.

Инаку, можеби зад целата оваа приказна се крие т.н. студена војна помеѓу шведската и руската дипломатија која датира од 2015 година кога и едната и другата страна меѓусебно протераа дипломати.

Претходно

Над 300.000 луѓе во Велика Британија ги прекршиле карантинските правила

Следно

Отворен МЕФ 2021, насочен кон енергетската иднина на земјите од Западен Балкан

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian