„Шницла само за вакцинирани“: Австриец не ја чека одлуката на владата, си донесе свои правила

1 min read

Додека во Австрија се дискутира кои правила ќе се применуваат, дали правилото со три сертификати или само со два, еден угостител во Салцбург одлучи дека веќе не му се чека, па реши да им служи само на вакцинираните. 

Сопственикот на ресторанот „Вижоф“ во Зел ам Сем и Пинзгау, Хорст Видер, изјави дека невакцинирани луѓе нема да можат да влезат во неговиот угостителски објект. 

„Беше премногу комплицирано за мене. Различни типови сертификати и различна валидност на тестови се премногу предизвик во секојдневната работа“ рече тој за телевизијата АТВ. 

„Решив да пресечам. Секој има можност да се вакцинира, а кој го прави тоа може да влезе во мојот бар“ објасни Видер. 

Само гостите помлади од 16 години за кои важи правилото за три сертификати се изземени од ова правило. 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО+ФОТО| Ем-ти-ви награди: Црвениот тепих создаден за претерување, како никогаш досега

Следно

Паника во Ламанш, Руски шпионски брод виден кај британското крајбрежје

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian