Седумдесетгодишна баба возела 60 км во спротивен правец

1 min read

Според полицискиот извештај, 71-годишната Французинка возела 60 километри во погрешна насока на автопатот пред да биде запрена од полицијата.

Полицајците на мотори ја запреле жената, која не била повредена, во петокот вечерта, наведува во извештајот весникот „Оуест Франсе“.

Полицијата затворила дел од автопатот, но им биле потребни час и половина за да ја запрат жената на автопатот А11, западно од Франција.

За среќа, постарата дама не предизвикала сообраќајна несреќа.

Полицијата го истражува инцидентот.

Претходно

183 нови случаи на ковид-19, починаа 18 пациенти

Следно

ВИДЕО: На Австралиец му смачило од полициски час, физички нападнал полицајци

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian