Сѐ помалку ковид-пациенти во дебарската болница, денес по подолго време нема новозаразени

1 min read

Во последното деноноќие во Дебар не е регистриран нов случај заразен со Ковид-19, наспроти податокот што во минатиот овој месец во просек дневно имало по 10,5 новозаразени на дневно ниво.

Во месец август регистрирани беа 357, а овој месец 96 новозаразени или вкупно 453 лица од двете општини, Дебар и Центар Жупа.

Во овој извештаен период во списокот на оздравени се впишани 243, додека за жал и покрај напорите на здравствениот персонал, починал 21 пациент.

– Најголем број на новозаразени е регистриран на 27 август, 32 лица а во последната седмица од овој месец бројот на новозаразени е едноцифрен. Со тоа и бројот на хоспитализирани, кој надмнуваше 40, деновиве се намалува. Моментно во нашата установа се хоспитализирани 28 лица, од нив 20 се на кислородна поддршка. Освен двајца повозрасни пациенти, останатите се со полесна клиничка слика, изјави Баки Алили, директор на Општата болница со проширена дејност во Дебар.

Додава дека намален е и бројот на оние кои се лекуваат амбулантски, во просек 12 до 15 дневно а видно е намален бројот на оние кои се јавуваат за преглед или дневно по десеттина.

– Во модуларната болница, која е вакцинален пункт, непречено се одвива процесот на имунизација. Денеска добивме нова количина од 1.140 дози од Фајзер и по 500 дози од Синофарм и Астра Зенека, додаде Алили.

Според него, дневно се аплицираат по над 120 вакцини а бројот на досега вакцинираните жители на градот е над 13.500.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Елиминиран олимпискиот шампион, познати четвртфиналните двојки на одбојкарското ЕП

Следно

Невакцинираните се во поголем ризик: Колкава е шансата да се заразите со сојот делта во овој момент

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian