Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека голем број луѓе во неговата непосредна околина се заразени со коронавирусот, и дека тој самиот можеби ќе треба да биде ставен во карантин.
– Единаесет луѓе од мојата придружба имаат проблем со ковид. Треба да видиме што навистина се случува. Мислам дека наскоро ќе треба да се ставам во карантин – рече Путин за време на средбата со параолимпијците.
Коментирајќи ја изјавата на Путин, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека претседателот зборува „фигуративно“.
Во април, Путин беше вакциниран против ковид -19 со вакцината „Спутник В“.