Претседателката на Словачка го пречека папата Франциск, меѓу подароците и полнач за електричен автомобил

1 min read

Претседателката на Словачка, Зузана Чапутова, утрово се сретна со папата Франциск во претседателската палата во Братислава.

Чапутова и Папата разговараа лице в лице во Златниот салон на претседателската палата, со помош на преведувач и наместо предвидените 15 минути, разговорот со Папата траеше подолго, пренесе агенцијата ТАСР.

Поглаварот на Римокатоличката црква се сретна и со најблиските членови на семејството Чапут, кои симболично му подарија леб и мед.

Претседателката на Словачка, исто така, му даде полнач за електричен автомобил, медицинска опрема за Ватиканскиот фонд, кој им помага на најсиромашните земји во светот во борбата против коронавирусот.

По официјалната церемонија за добредојде, Папата и претседателката ќе одржат јавен говор на кој ќе присуствуваат 500 гости од сите сфери на политичкиот и општествениот живот.

Папата до 15 септември е во посета на Словачка, а покрај Братислава, ќе ги посети и градовите Кошице, Прешов и Шаштин.

Предвидено е да се сретнат со претставници на локалните заедници, како и еврејските и ромските заедници, а голема миса ќе се одржи во Сашина.

 

Извор: ТАСР

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Чудесниот двор на Силвана: Рајска убавина во село Секирник

Следно

ВИДЕО: ФИБА нè потсетува на македонската бајка, 10 години од сензацијата во Каунас

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian