Почина жената која го измисли „среќниот оброк“ во „Мекдоналдс“

1 min read

Бизнисменката од Гватемала за која се верува дека го измислила „Среќниот оброк“ или „Happy Meal“ од „Мекдоналдс“ починала на 6 септември оваа година на 87-годишна возраст.

Јоланда Фернандез де Кофињо и нејзиниот сопруг Хозе Марија Кофињо го отвориле првиот „Мекдоналдс“ во Гватемала во 1974 година, а Јоланда го водела до 2018 година кога бизнисот им го препуштила на своите деца.

„Среќниот оброк“ бил измислен во 1970-тите кога дошла до идеја да создаде оброк што ќе им помогне на родителите полесно да ги хранат своите деца.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by McDonald’s Guatemala (@mcguate)

На официјалниот инстаграм-профил на „Мекдоналдс“ во Гватемала се појави специјална објава по повод смртта на Јоланда.

Мекдоналдс Гватемала длабоко жали за смртта на својата претседателка Јоланда Фернандез де Кофино. Ова без сомнение е еден од најтешките моменти за семејството, компанијата и илјадниците нејзини соработници во Гватемала“, се вели во соопштението.

Претходно

Ќе се повтори ли историјата? Еве што се случи во Србија на последната посета на Меркел

Следно

Невил: Враќањето на Кристијано Роналдо го „разбуди“ Манчестер

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian