Пицула: Злоупотреба на верски настани не им прилега на кандидати за ЕУ

1 min read

Актуелното српско раководство се обидува да ја пренесе својата внатрешна политичка дубиоза и нереализирани проекти од големи размери се обидува да ги пренесе надвор од сопствените граници, односно во оние делови од соседството каде што веќе има соодветна политичка инфраструктура, изјави известувачот на Европскиот парламент за Црна Гора, Тонино Пицула во интервју со „Побједа”.

– Сметам дека овие настани навистина заслужија остра осуда во целосна смисла. Ваков вид на политичка инструментализација или, подобро кажано, злоупотреба на верски манифестации кои се претвораат во насилство, не одговара на земја која веќе има постигнато некои важни и релевантни амбиции во досегашните фази на патот кон членство во ЕУ. Устоличувањето на митрополитот Јоаникије го надмина верскиот карактер на настанот. Но, тоа не е само изолиран случај, немирите што ја придружуваа процесијата се всушност дел од процесите за кои можеме да кажеме дека траат повеќе од една година, истакна Пицула.

Тој оцени дека дури и без подлабоко познавање на ситуацијата, „јасно е дека политиката на Белград кон Подгорица е една од матичните места со кои се генерира нестабилност во Црна Гора”.

Пицула додава и дека се што се случи на Цетиње го отежнува докажувањето на капацитетот на Црна Гора во евроинтеграцискиот процес.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ТФТ е победник на првиот меморијален турнир „Анте Дуковски“

Следно

ВО ЖИВО | Премиерот Заев со воведно обраќање на „Македонскиот енергетски форум 2021“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian