Пендаровски: Нема нон-пејпер од Бугарија, со месеци не се преговара

1 min read

„Во врска со таканаречениот нон-пејпер кој беше објавен денеска во медиумите, Кабинетот на претседателот Пендаровски информира дека со Република Бугарија со месеци наназад не се водат никакви преговори и поради тоа од Софија до Скопје не е доставен никаков документ“, соопшти доцна попладнево кабинетот на претседателот на државата.

„Ставот на претседателот Пендаровски во однос на идентитетот и јазикот на македонскиот народ е јасен и непроменет, за тоа досега ниту се преговарало, ниту пак ќе се преговара во иднина“, се вели во соопштението.

Телевизијата „Клан Македонија“ денеска објави документ за кој тврди дека е дел од т.н. „нон-пејпер“ за решавање на македонско-бугарскиот спор, но не може да го лоцира потеклото или институцијата која е автор на документот. Телевизијата тврди дека со документот се запознаени официјалните власти во Софија и во Скопје, но таа информација ја негираат извори во македонското МНР.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО+ВИДЕО: Меркел попладнево пристигна во Белград

Следно

ФОТО | Ирена шири радост и во Грција: Дизајнираше „близначка“ кукличка за една бабичка

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian