Парламентарни избори во Норвешка

1 min read

Во Норвешка денеска е вториот и последен ден од парламентарните избори, на кои доминираат прашањата за климатските промени и економската нееднаквост, додека опозицијата на левоцентристичката партија очекува да ги победи конзервативците кои на власт се осум години.

Анкетите покажуваат дека опозициската Лабуристичка партија е на пат да ја замени коалицијата на премиерката Ерна Солберг, но ќе им треба поддршка од уште најмалку две партии за да обезбедат мнозинство мандати, пренесува Бета.

Норвежаните избираат 169 пратеници, додека тројцата кандидати за премиер се актуелната премиерка Ерна Солберг како претставник на конзервативците, пратеникот од редовите на лабуристите Јонас Гар Сторе, кој се смета за фаворит и центристот Тригве Слагсволд Ведум.

Доколку анкетите се покажат како точни, лабуристите најверојатно ќе треба да формираат коалициска влада по изборите, но исто така ќе треба да ги исполнат барањата на помалите партии за да имаат поддршка да владеат во следните четири години.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Од почетокот на учебната година во Франција се затворени 3000 одделенија поради случаи на Ковид-19

Следно

Заев: Не знам до каде е истрагата, одлуката за Филипче ќе ја донесам врз основа на експертскиот извештај

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian