Паника во Ламанш, Руски шпионски брод виден кај британското крајбрежје

1 min read

Руски шпионски брод изграден за да може да изведува тајни подводни мисии беше забележан денеска на Ла Манш.  

Според Дејли Мејл, бродот „Амбер“ бил забележан помеѓу бреговите на Девон и Франција околу пладне и во моментов се движи кон север.  

„Амбер“ е специјализиран извидувачки брод кој носи две подморници кои можат да слетаат на морското дно, да подигнат предмети од дното на океанот и снимката да ја испратат назад до бродот.  

Познато е дека често таквите подморници се користат за поставување и поправка на критична подводна инфраструктура, како што се интернет -кабли, така што сега се стравува дека тие можат да ги прекинат тие кабли.  

Ваков брод неодамна беше забележан во близина на брегот на Ирска. 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

„Шницла само за вакцинирани“: Австриец не ја чека одлуката на владата, си донесе свои правила

Следно

Димитров се сретна со француски сенатори, зборувале за проширувањето на ЕУ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian