Од почетокот на учебната година во Франција се затворени 3000 одделенија поради случаи на Ковид-19

2 mins read

Речиси 12,3 милиони ученици се вратија на училиште во четвртокот на 2 септември, во услови на раширеност на делта варијантата на Ковид-19, но според министерот за образование Жан-Мишел Бланке осум дена по почетокот на наставата затворени се 3.000 одделенија, јави дописникот на МИА.

Минатата недела беа затворени само 545 одделнија. Во интервју за Ле Паризиен, министерот за национално образование Жан-Мишел Бланке очекува кривата да се зголеми пред да се стабилизира.

-Очекуваме да се зголеми нивниот број во текот на следните неколку дена, а потоа да се стабилизира, пред да се спушти надолу, ако ја следи кривата што ја добивавме по секое враќање од одмор, предупредува министерот.

Ова е, според него истиот модел што се гледа на Реунион (француски остров во Индискиот Океан), каде што почетокот на учебната година беше две недели пред метрополитанска Франција.

Во интервјуто, Жан-Мишел Бланкер потсети дека 67 отсто од 12-27-годишниците добиле една доза и 54 отсто се целосно вакцинирани, додека вакцинацијата над 12 години се организира во основните и средни училишта од 2 септември.

-До крајот на месецот, сите ученици ќе добијат предлог преку нивното училиште, и се надеваме дека многу брзо ќе надминеме три четвртини од вакцинираните, потврдува францускиот министер за национално образование.

Истовремено, додека тестовите ќе се наплатуваат од 15 октомври, Жан-Мишел Бланке сака да увери дека оние што се практикуваат на училиште се бесплатни: Тие секогаш се бесплатни во училиштата, за деца и возрасни. Надвор од училиште, ние го почитуваме обичното право, така што овие тестови ќе се наплаќаат за секого “.

Од неделата, Жан Мишел Бланке стана најдолговечниот министер за национално образование во Франција. „Симболичен датум” што „има смисла во однос на тоа што значи дека оваа функција може да биде стабилна”, уверува тој.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

На КОП26 во Глазгов ќе се фаќа последниот воз за спас од глобалното затоплување

Следно

Парламентарни избори во Норвешка

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian