Нови главоболки за Лапорта, Барса останува без главниот спонзор

1 min read

Јапонската компанија за онлајн шопинг „Ракутен“ одлучи да ја прекине соработката со Барселона како главен спонзор на дресот на клубот, со што дополнително ја зголеми загриженоста на претседателот на клубот, Жоан Лапорта, објавија шпанските медиуми.

Ракутен и Барселона започнаа соработка во 2017 година со потпишување тригодишен договор, според кој јапонската компанија плаќа 55 милиони евра по сезона за спонзорскиот натпис на дресот.

Во октомври 2020 година, договорот беше продолжен, но сумата за спонзорство беше намалена на 30 милиони евра годишно.

Ќе се смени и спонзорскиот натпис на ракавот на дресот, на кој се рекламира турскиот производител на бела техника „Беко“.

Куман со порака до Лапорта: „Поради мене Барселона има иднина“

И покрај ова, Барселона има неколку спонзорски понуди на маса и се надева дека ќе потпише подобри договори.

Се шпекулира и дека клубот би можел да ги продаде правата за името на стадионот „Камп Ноу“ и на тој начин дојде до дополнителни средства.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Вистинскиот Тарзан: 40 години живеел во шума, а по 8 години во цивилизација, починал од рак

Следно

ФОТО | Ќерката на Сара Мејс и Димитар Атанасовски го прослави третиот роденден: Иста фризура како мама и забава од бајките

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian