Невил: Враќањето на Кристијано Роналдо го „разбуди“ Манчестер

1 min read

Кристијано Роналдо постигна два гола во второто деби за Манчестер јунајтед во домашниот триумф од Премиер лигата против Њукасл на „Олд Трафорд“.

Португалецот се врати на „Олд Трафорд“ на крајот на август по 12 години и веднаш со својот настап го привлече вниманието.

Њукасл беше поразен со 4:1, а беше видливо дека посебна енергија се чувствуваше во екипата предводена од менаџерот Оле Гунар Солскјер.

– Шетав низ центарот на Манчестер пред натпреварот и мислам дека градот не изгледаше толку живо како во изминатите пет или 10 години. Неговото значење за овој град и целата лига е огромно, а тоа беше и пред тој да ги постигне тие два гола. Не бев на натпреварот, но можам само да замислам колку беше голема возбудата кога се запишуваше во листата на стрелците – рече поранешниот дефанзиец на клубот, Гери Невил.

Тој исто така вели дека Премиер лигата сега е исклучително силна:

– Лигата изгледа фантастично во првите неколку кола. Сакаме да кажеме дека играта беше физички понапорна во 80-те и 90-те години, дека имаше повеќе груби стартови, но оваа сезона гледаме многу жесток фудбал. Многу е забавно да се гледа фудбал и играчите заслужуваат голема почит после сиот тој период кој го поминаа поради ситуацијата со ковид-19, играјќи пред празни стадиони. Враќањето на Роналдо е само „шлаг на тортата“ – додава Невил.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Почина жената која го измисли „среќниот оброк“ во „Мекдоналдс“

Следно

Канцеларката Меркел утре во Тирана

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian