Невакцинираните се во поголем ризик: Колкава е шансата да се заразите со сојот делта во овој момент

5 mins read

Шансите некое лице да добие ковид-19 се околу 1 од 5.000 (дневно), а и помалку ако внимавате или живеете во област каде што стапката на вакцинација е висока.

Пораките што се шират со вакцината против ковид-19 и заштитата од болеста се збунувачки, веројатно и поради тоа што пандемијата се одвива во реално време, додека научните докази се нецелосни или се менуваат, но често не се ниту ставени во вистинскиот контекст.

Неодамнешната студија откри дека половина од жителите на Америка веруваат дека шансите да се заразат постојат или дека се големи, иако 75 отсто од испитаниците се вакцинирале. Минатата недела во „Њујорк тајмс“ беше објаснето зошто постои таква перцепција и какви се шансите во овој момент да се заразите.

Шансите некое лице да добие ковид-19 се околу 1 од 5.000 (дневно), а и помалку ако внимавате или живеете во област каде што стапката на вакцинација е висока, пишува „Њујорк тајмс“. За да дојде до таа бројка, „Њујорк тајмс“ се занимавал со случаи во три области – Јута, Вирџинија и Кинг Кантри. Новинарот Дејвид Леонард напишал дека очекувано е ризикот да биде поголем таму каде што вирусот во моментов е многу активен и многу помал на местата каде што повеќето луѓе се вакцинирани.

ВИРУСОТ Е ПОГОЛЕМА ЗАКАНА ЗА НЕВАКЦИНИРАНИТЕ

„Тајмс“ наведува дека стапката на инфекција е околу 4 пати поголема во земјите со најмал број вакцинирани.

– Сојот делта е проблем, но одбивањето на вакцината е многу поголем проблем – истакнува Леонард.

ЦЕНАТА НА ПРОБИВНАТА ИНФЕКЦИЈА

Леонард додава една работа во врска со т.н. пробивни инфекции (зараза со ковид-19 и покрај две примени двете дози на вакцина против ковид-19):

„Не е јасно колку треба да се плашите од нив, обично се благи и често наликуваат на грип, во Англија тие се многу опуштени кога се зборува за моменталниот ризик. Вакцините често ги спречуваат опасните исходи кај возрасните, а ризикот за малите деца е минимален, па можно е тие да не предложат децата да се вакцинираат. Но, да се дозволи вирусот сам да ја води своја приказна без да се мешаме, можеби ќе дојде на наплата со висока цена“.

ГОЛЕМА ПРИЧИНА ЗОШТО ТРЕБА ДА СЕ ВАКЦИНИРАТЕ

Во реалноста, ризикот од инфекција со кој било вирус останува низок ако сте вакцинирани, а ризикот од тешка форма на болеста е уште помал.

– На пример, во Сиетл, во еден ден, приближно еден од милион вакцинирани лица се примени во болница поради симптоми на ковид-19. Ризикот е многу блиску до нула, така што човечкиот мозок може да го перципира и на тој начин. Сакам да кажам дека ризикот за вакцинираните луѓе е еднакво мал како, на пример, кога ќе седнете на велосипед – додава Леонард.

КОЛКУ Е ОПАСЕН ЗА ДЕЦАТА?

За разлика од минатите варијанти што ги заобиколија децата, оваа не ги избира своите жртви, така што и децата до 12 години се во опасност. Од почетокот на овој месец, во САД се пријавени околу 94.000 случаи на инфекција кај деца.

„Сојот делта е многу позаразен и затоа почесто се појавува кај децата“, објасни доктор Пол Офит, директор на Центарот за заразни болести во Филаделфија.

Според пишувањето на Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), станува збор за двојно позаразна варијанта, која може да предизвика поопасни симптоми кај луѓето што не се вакцинирани, а бидејќи повеќето деца не се вакцинирани, станува збор за ризична група.

КАКО ДА БИДЕТЕ БЕЗБЕДНИ ДО КРАЈОТ НА ПАНДЕМИЈАТА?

Следете што ве советуваат експертите и помогнете да се стави крај на пандемијата, без разлика каде живеете. Вакцинирајте се што побрзо. Ако живеете во место каде што малкумина се вакцинирани, носете маска кога излегувате од дома. Не патувајте, дистанцирајте се, избегнувајте метежи и мијте ги рацете.

Претходно

Сѐ помалку ковид-пациенти во дебарската болница, денес по подолго време нема новозаразени

Следно

Вардар не е ни во Топ 10 фаворити за титулата во Лигата на шампионите

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian