Неколку жени самоволно се вратија на работа во Кабул

1 min read

Помалку од еден месец откако талибанците го зазедоа главниот град на Авганистан, Рабија Џамал донесе тешка одлука, собра храброст и се врати на работа на аеродромот.

Исламистите рекоа дека жените треба да останат дома за сопствена безбедност, ризиците беа преголеми, но 35-годишната мајка на три деца немаше многу избор.

„Ми требаат пари за да му помогнам на моето семејство“, рече Рабија, облечена во темно сина облека и шминка.

– Чувствував напнатост дома, се чувствував лошо, изјави таа за АФП и додаде дека сега се чувствува подобро.

Од 80 жени кои работеле на аеродромот пред падот на Кабул на 15 август, само 12 се вратиле на работа.

Сепак, тие се меѓу ретките жени во главниот град на кои им е дозволено да се вратат на работа. Талибанците им рекоа на повеќето дека нема да се вратат додека не добијат дополнителни упатства.

 

Извор: АФП

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ДЗС: Попишани вкупно 419 485 лица, 129 614 домаќинства и 173 439 станови

Следно

Прванов: Бугарија со месеци функционира како да е претседателска држава!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian