На КОП26 во Глазгов ќе се фаќа последниот воз за спас од глобалното затоплување

3 mins read

На почетокот на ноември во британскиот град Глазгов треба да се одржи светскиот самит за климатски промени на Обединетите Нации, КОП 26, чијшто домаќин и покровител е Велика Британија, во соработка со Република Италија. Целта е  да се фати „последниот воз“ за забавување на глобалното затоплување и да се исполнат целите на Парискиот договор за ограничување на глобалното затоплување на 1,5 степени Целзиусови степени.

За плановите на развиените земји, меѓу кои е и Велика Британија, да се направат потребните промени пред да биде предоцна, но и за јазот помеѓу развиените држави и неразвиените, кои се борат да преживеат, а сепак да фатат чекор со трендот за постигнување на нула емисии, „Слободен печат“ разговараше со амбасадорката на Обединетото Кралство во нашата земја, госпоѓа Рејчел Галовеј.

– Поради тоа што целите поставени со Парискиот договор за мерки на ограничување на глобалното затоплување на 1,5 степени Целзиусови не се исполнети, самитот во Глазгов ќе биде клучен за да ги врати работите на вистинскиот колосек. Исходот кој оттаму го очекуваме е државите да се обврзат и да ги исполнат своите обврски за нула емисии. Не е се така црно, всушност, бидејќи околу 70% од најголемите загадувачи веќе прифатиле обврски за нула емисии, во Париз беше договорено и развиените држави да оформат фонд за климатските промени, посебно за земјите во развој, „тежок“ 100 милијарди долари годишно, за кој во Глазгов се очекува да се прецизира како тоа ќе се реализира, вели амбасадорката во денешното интервју за „Слободен печат“.

Британија веќе објави дека зависноста од јаглен за една декада од 40% ја свела на 2% и најави намалување на 87% на јаглеродни емисии до 2035, но посиромашните земји, од кои дел и натаму во голема мерка се ослонуваат на фосилните горива како главен енергенс, тешко го следат чекорот и амбициите на развиените.

– Обврска на развиените е да им помогнат на земјите во развој да се оддалечат од јагленот и да пристапат кон неопходна климатска акција, вели Галовеј.

Светот е свесен дека комплетната глобална енергетска транзиција ќе изискува не милијарди, туку трилиони долари и тие пари ќе мора да дојдат од приватниот сектор.

– Она што го видовме и во Велика Британија, е дека „зелениот развој“ е вистинска економска можност, бидејќи постигнавме економски развој од 78 проценти последниве неколку години, со истовремено намалување на емисиите за 44 проценти. Инвестициите во зелени технологии навистина креираат работни места и шанси за странски инвестиции, додава Галовеј.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Прванов: Бугарија со месеци функционира како да е претседателска држава!

Следно

Од почетокот на учебната година во Франција се затворени 3000 одделенија поради случаи на Ковид-19

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian