Мурињо ги лажеше сите со денови пред натпреварот против Сасуоло

1 min read

Жозе Мурињо во неделата го имаше својот 1000 јубилеен натпревар во својата професионална тренерска кариера..

Неговата Рома на „Олимпико“ стадионот во Рим дојде до трите бода со погодок реализиран во самиот финиш за голема радост на клубот и навивачите.

„Волчицата“ се мачеше во второто полувреме, голманот Руи Патрисио ги спречи гостите да направат пресврт, а во првата минута од судиското надополнување Стефан ел Шарави ги крена сите на нозе со својот прекрасен гол.

Мурињо реагираше емотивно, истрча неколку стотини метри покрај теренот во еуфорија.

– Ги лажев сите! Со денови им кажував на играчите дека не ми е грижа за овој 1000 натпревар. Но, постоеше огромен страв од пораз! За среќа, победивме и трчав како дете бидејќи се чувствувам како да имам 12 години, не 58 – рече Мурињо.

Португалскиот стратег оствари 639 победи во 1.000 мечеви во кариерата со 198 нерешени средби и 162 порази, и освои 25 титули со Порто, Челси, Интер, Реал Мадрид и Манчестер јунајтед.

Почна во Бенфика и Униао Леирија, па следуваше титулата во Лигата на шампионите во 2004 година со Порто. Пред да се пресели во Рома, не успеа да дојде до трофеј со Тотенхем.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Брука по оставки

Следно

ДЗС: Попишани вкупно 419 485 лица, 129 614 домаќинства и 173 439 станови

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian