Медведев: Ѓоковиќ за мене е најдобриот во историјата на тенисот

1 min read

Данил Медведев го совлада Новак Ѓоковиќ во финалето откако беше многу подобар, а после завршната битка им се извини на публиката и на Ноле бидејќи „знаеше што Србинот брка“, односно го спречи да дојде до „календарскиот слем“ и 21 грен слем титула во кариерата.

Русинот доцна синоќа на „УС Опен“ во Њујорк (САД) без загубен сет со 3:0 успеа да го совлада првиот светски рекет Ѓоковиќ.

– Првпат сум толку нервозен во мојот говор. Прво, им се извинувам на вас навивачите и Новак. Сите знаеме што тој денеска се обидуваше да направи. Сите знаат што постигна во кариерата. Ова никогаш не сум го рекол, но ќе го кажам сега: „Ти си за мене најдобриот играч во историјата на тенисот“ – беа зборовите на Медведев по финалето.

Вториот носител на турнирот му се заблагодари на својот тим и семејството.

– Не беше лесно да се стигне до овој трофеј, им благодарам на моето семејство и мојот тим и секако организаторите и навивачите. Денес навивавте за Новак и тоа е разбирливо, ми дадовте многу енергија од 2019 година до денес. Сакам да го завршам говорот со една реченица. Денес ми е годишнина од венчавката за мене и за мојата сопруга и не можев да размислувам околу подарок. Реков дека доколку загубам, нема да можам да најдам подарок, но победив за среќа – додаде Медведев.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Болница во Бугарија не може да најде лекар ни за плата од 2.000 евра

Следно

Косовската претседателка: Не сакаме Република Српска во Косово

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian