Мацура е новото странско засилување на КК Работнички

1 min read

Кошаркарскиот клуб Работнички во новата натпреварувачка сезона ќе може да смета на Милош Мацура кој потпиша договор на една година.

Овој српски крилен центар е висок 211 см, кој исто така има и хрватски пасош. Освен што е физички силен под кошевите, знае да погоди и од далечина за три поени.

Беше дел голем број европски лиги во Србија, Романија, Чешка, Русија, Романија, Франција, Белгија, итн.

Поради оваа причина тој направи трансфер во тим со високи амбиции како Работнички.

Претходно екипата од „Градски парк“ кога се во прашање странците, ги ангажираше уште Французинот Роман Луизер, Босанецот Недим Мустафица и Американецот Пол Џексон.

КК Работнички воопшто не би функционирал без помошта од Општина Центар

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Турски молер жонглира со канти за боја наместо топка, стана хит на интернет

Следно

Виц на денот: Соработка

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian