Лондон одби да купи вакцини од Валнева

1 min read

Велика Вританија тврди дека „француската компанија ги прекршила своите обврски според договорот за набавка на вакцини, но таа категорично ги отфрла таквите наводи”, се наведува во соопштението на компанијата Валнева.

За разлика од повеќето висококвалитетни вакцини против Ковид-19, кои користат различни методи за стимулирање на имунолошкиот систем за борба против коронавирусот, VLA2001 на Валнева се базира на „инактивирана” верзија на самиот коронавирус.

Лабораторијата посочи кон крајот на август дека, врз основа на фазите 1 и 2 од испитувањата, се надева оти ќе развие вакцина која е повеќе од 80 проценти ефикасна. Велика Британија имала порачано 100 милиони дози од вакцината за 2021-2022 година.

Француската компанија денеска соопшти дека договорот и дава право на британската Влада да го откаже договорот, а Валнева добила „известување за прекин на зделката од страна на Обединетото кралство”.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО+ВИДЕО | Бритни Спирс се сврши со 12 години помладото момче: На раката ѝ блесна дијамантски прстен

Следно

Брука по оставки

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian