Лекарот Александар Димовски на чело на советничката листа на СДСМ и коалицијата во Битола

1 min read

Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“, предводена од СДСМ, вечерва ја објави листата со кандидати за советници за претстојните локални избори за Советот на Општина Битола.

Носител на листата е Александар Димовски, лекар, специјалист по радиодијагностика вработен во Клиничката болница Битола. Димовски извршувал и други функции, бил дел од раководниот тим на клиничката болница во Битола, началник на одделот радиологија во болницата, а моментно е и шеф на здравствениот тим на ракометниот клуб Еурофарм Пелистер.

Втора на листата е актуелната советничка во Советот на Општина Битола, Жаклина Наумовска, а на третото место е Методија Илиевски, досегашниот координатор на советничката група на коалицијата во градскиот совет.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

И во Скопје пристигна „Европскиот воз“, го донесе дома министерот Бочварски

Следно

ВИДЕО: „Бомба“ на Таунсенд, пресврт на Евертон против Барнли

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian