Куман со порака до Лапорта: „Поради мене Барселона има иднина“

2 mins read

Тренерот на Барселона, Роналд Куман крена голема прашина со интервјуто кое го имаше за холандските медиуми..

Неодамна Куман призна дека преговара со Барселона за нов договор и дека неговата цел е да остане во каталонската екипа што е можно подолго, но се чини дека односите со претседателот на клубот Жоан Лапорта се влошија.

Холандскиот „НОС“ утрово објави интервју со Куман, кое предизвика големо внимание кај шпанската јавност, особено поради делот во кој зборуваше за својата врска со Лапорта.

Вели дека имал одлични односи со првиот човек на Барса, но дека се случило нешто во претходните седум дена за кое смета дека не е баш во ред.

– Мојот однос со Лапорта беше многу добар од самиот почеток, но минатата недела се случи нешто што мислам дека не е сосема во ред. Тој сугерираше дека тренерот ја нема целата моќ во тимот и мислам дека зборуваше премногу и не беше многу мудар во неколку наврати.

Можевме да решиме сè приватно, бидејќи сакам кога претседателот не кажува некои работи јавно. Не требаше да зборува за некои работи во печатот и тоа е проблемот – рече Куман.

Куман верува дека има поддршка од клубот и се надева дека истата ќе ја оправда. Тој истакнува дека клубот има иднина благодарение на него.

– Чувствувам дека ја имам поддршката од претседателот и сите луѓе во клубот. Исто така, играчите и другите членови на првиот тим ми го покажуваат тоа. Сакам да останам затоа што се чувствувам добро. Благодарение на мене, овој клуб има иднина – додаде холандскиот тренер.

Ова интервју предизвика различни коментари од навивачите на Барселона на кои навистина не им се допаѓа тоа што го кажа Куман, и веруваат дека поради тоа би можел да остане без новиот договор кој толку многу го посакува.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Се намалува бројот на ковид-пациенти во струмичката болница

Следно

Во среда конференција за Западен Балкан во Солун со учество на Димитров

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian