Кичеец преместен во полуотвореното одделение во струшкиот затвор поради новата постапка

1 min read

Осудениот Зоран Милески – Кичеец е преместен од отворено во полуотвореното одделение во Затворот Струга, информираат од Управата за извршување на санкции.

Како што појаснуваат оттаму, тоа значи дека тој повеќе нема да може да ги користи олеснувањата кои ги добиваат сите осудени лица во отворените одделенија, а причина за ваквата одлука е новата кривична постапка која се води против Милески.

Од Управата дополнуваат дека со ова решение тој ќе продолжи да ја издржува затворската казна и ќе биде достапен за истражните органи.

Милески е осуден на три години затвор за случајот „Рекет”, и е осомничен за сообраќајната несреќа што се случи на 4-ти септември, во која загина едно лице.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Блинкен денеска и утре на сослушувања во Конгресот поради Авганистан  

Следно

Гостиварските средношколци чекаат одлука на Комисијата за заразни болести околу наставата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian