Израелска компанија претстави нов вооружен робот кој ќе патролира на границата со Газа

3 mins read

Во Израел денеска беше претставен вооружен робот со далечински управувач, кој може да патролира во борбени зони, да ги следи непријателите и да отвори оган, пренесува Еј-Би-Си њуз.  

Основачите на ваквите полуавтоматски машини велат дека и дозволуваат на војската да ги заштити своите припадници, додека критичарите предупредуваат дека тоа е нов опасен чекор што ќе доведе до роботи да одлучуваат за животот и смртта. Роботот со погон на четири тркала е контролиран од електронски таблет, и може да биде опремен со две автоматски пушки, камери и сензори, како и да собира разузнавачки информации за копнените трупи, да ги снабдува, да пренесува ранети војници и да изведува напади врз блиските цели. Тоа е најнапредното возило без екипаж произведено од ЕЛТА Системс во последните 15 години под контрола на државната воздушна вселенска индустрија на Израел.  

Израелската војска во моментов користи помало, но слично возило наречено Јагуар, за да патролира по должината на границата со појасот Газа и да помогне во одржувањето на блокадата над територијата што Израел ја воведе во 2007-ма година.  

Околу два милиони Палестинци живеат во појасот Газа, а блокадата ја воведе Египет во истата година, така што пограничната област е место на чести протести и повремени обиди на палестински екстремисти или работници да мигрираат во Израел.  

Возилата без екипаж се повеќе се користат од други армии, како американските, британските и руските, а нивната задача вклучува логистичка поддршка, расчистување мини и отворање оган. Таблетот може рачно да го контролира возилото, но многу функции, вклучувајќи го и системот за движење и мониторинг, можат да работат независно.  

Критичарите предупредија дека таквото оружје може самостојно да одлучи и може да биде погрешно. Израелската компанија рече дека такви можности постојат, но не им се нудат на клиентите. Бони Дохерти од Хјуман рајтс воч рече дека таквото оружје е загрижувачко, бидејќи таа, меѓу другото, не може да ги разликува цивилите од борците. 

„Машините не можат да ја сфатат вредноста на човечкиот живот, што во основа го поткопува човечкото достоинство и ги крши законите за човекови права“, рече Дохерти, професор од Харвард, кој претходно повика на забрана за целосно автоматизирано оружје според меѓународното право. 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Славчо Попоски прогнозира: Денови на голема суша, температури необични за периодов!

Следно

Меркел: Косовското прашање мора да се затвори пред Србија да влезе во ЕУ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian