Илија Димитриевски ќе ја предводи советничката листа на СДСМ во Тетово

1 min read

Претседателот на општинската организација на Социјалдемократскиот сојуз во Тетово, Илија Димитриевски, вечерва објави дека е избран за носител на листата на коалицијата за членови на Советот на Општина Тетово на претстојните локални избори.

„За мене ваквиот ангажман во советот во својот роден град претставува голема чест и одговорност. Јавно ветувам дека со мене ќе имате пријател во локалната власт, ќе бидам отворен за сите ваши барања и ќе помагам на сите кои имаат потреба и ќе ми се обратат. Тие што ме знаат, знаат дека никогаш не сум ги делел луѓето по национална, верска, партиска или друга припадност.Исто така, објавувам и дека Социјалдемократскиот сојуз на Македонија во новата локална самоуправа ќе има ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОВЕТОТ на општина Тетово“, напиша Димитриевски на Фејсбук.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Илјадници нови автомобили погодени од бурата во Ванкувер, 6 години стојат на исто место

Следно

ФОТО: Најпосакуваните ергени го украдоа шоуто: Бред Пит и Бредли Купер го следеа УС Опен

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian