Гостиварските средношколци чекаат одлука на Комисијата за заразни болести околу наставата

2 mins read

Враќањето на средношколците во гостиварските училишта зависи од одговорот на Комисијата за заразни болести. Почетокот на наставата со физичко присуство за нив беше одложен за две недели, заради лошата епидемиолошка состојба во општина Гостивар. Од локалната самоуправа изразуваат оптимизам дека наскоро ќе има редовно одвивање на наставата, бидејќи бројките на новозаразени имаат надолен тренд.

Во секторот за образование на општина Гостивар оценуваат дека состојбата по последниот бран на пандемијата е подобрена и испратиле барање до Министерството за образование и наука и Комисијата за заразни болести за насоки околу организирањето на наставата.

– Чекаме информации од МОН и Комисијата за заразни болести со насоки дали во среда ќе почне наставата за средношколците или евентуално од наредниот понеделник. Со оглед на состојбата, сметам дека учениците треба да се вратат во училишните клупи, вели Аслијан Снопче, одговорна во секторот за образование.

Во основните училишта во Гостивар, кои ја започнаа новата учебна година со физичко присуство, има девет наставници и двајца ученици заразени со коронавирус, а две паралелки се изолирани.

– Од првиот ден ја следиме ситуацијата постојано и врз основа на податоците цениме дека состојбата во основните училишта во градот и околината е стабилна. Тоа овозможува и редовна настава. Се надевам дека така ќе биде и натаму. До минатата недела имавме 8 позитивни наставници на „Ковид 19″, два класа и тројца ученици беа во изолација заради превентивни причини, нагласува Снопче.

Задоволителна епидемиолошка слика има во детските градинки и засега нема случај на заразени помеѓу персоналот и децата. Единствена промена е што бројот на групите е зголемен од досегашните 20 на 25 деца, што е направено со одлука на ресорното министерство

Заради големиот бој на заразени со ковид 19 во гостиварската општина, доаѓањето на учениците беше одложена за две недели, а наставата се одвиваше онлајн.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Кичеец преместен во полуотвореното одделение во струшкиот затвор поради новата постапка

Следно

Германците бараат да продолжат со работа од дома

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian