Германците бараат да продолжат со работа од дома

1 min read

Повеќе од две третини од Германците кои работеа од дома за време на пандемијата сакаат да го зачуваат правото за таа форма на работа, покажуваат резултати од денеска објавената анкета.

– Популарноста да се работи во сопствените четири sида се зголеми дополнително за време на пандемијата, нагласија од енергетската компанија Еон, врз основа на резултатите од студијата спроведена од Институтот ЈуГов (YouGov).

Седумдесет и еден процент од испитаниците изјавиле дека сакаат во иднина да работат од дома. На почетокот на пандемијата минатата година, само 58 проценти од анкетираните ја изразија таа желба. Но, само 26 проценти од испитаниците сакаат да работат постојано од дома, 45 проценти сакаат комбинирано да работат од дома и да одат во канцеларија во текот на работната недела.

Како најважна причина за работа од дома, испитаниците го наведуваат времето зачувано за патување до работа и позитивниот еколошки аспект.

Социјалдемократската партија на Германија (СПД), која најверојатно ќе освои најмногу гласови на претстојните парламентарни избори, објави дека има намера законски да го регулира правото на работа од дома

извор МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Гостиварските средношколци чекаат одлука на Комисијата за заразни болести околу наставата

Следно

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција демантира дека отворило истрага за модуларните болници

Latest from Blog

На денешен ден – 21 октомври

1422.- Умре францускиот крал Шарл VI, кој на престолот беше 42 години. Во почетокот на владеењето бил наречен „Саканиот Шарл“, но

MacedonianEnglishAlbanian