ФОТО+ВИДЕО: Меркел попладнево пристигна во Белград

1 min read

Германската канцеларка Ангела Меркел пред малку пристигна пред палатата „Србија“ , каде беше свечено пречекана.

Германската канцеларка Ангела Меркел и српскиот претседател Александар Вучиќ/ Фото EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ ја пречека Меркел, додека оркестарот ги свиреше химните на двете земји.

Ангела Меркел на посета во Србија/ Фото EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Поради здравствени причини, канцеларката на химните беше седната.

Меркел и Вучиќ/ Фото EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

„Првиот поглед на Белград од Палатата на Србија! Никогаш нема да заборавиме на помошта за Србија и регионот од страна на канцеларката Меркел. Како резултат на нејзиното доаѓање, Белград денеска е особено убав. “ напиша Вучиќ на својот Инстаграм профил.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО+ВИДЕО: Меркел пристигна во Белград

Следно

Пендаровски: Нема нон-пејпер од Бугарија, со месеци не се преговара

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian