ФОТО: Тешка сообраќајка во Турција, се судрија патнички и училишен автобус

1 min read

Едно лице загина во сообраќајна несреќа во Турција, додека 49 се повредени кога училишен автобус се судри со патнички автобус.

Училишниот и туристичкиот автобус се судрија денеска на автопатот Мугла Денизли околу 7.30 часот по локално време, јавија турските медиуми.

Според Спутник, најмалку едно лице загина, а 49 се повредени во несреќата, во која учествуваше автобус што превезуваше туристи во провинцијата Мугла во југозападна Турција.

Според извештаите на медиумите, автобусот удрил во училишен автобус и се превртел. Возачот на автобусот починал, а според првите информации доживеал срцев удар.

Меѓу повредените има 41 украински турист, 7 ученици и возач на училишен минибус. Сите биле пренесени во болница.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Необично име, незаборавен вкус: Песок торта – совршен спој на крем од ванила, ореви и кокос

Следно

Од денеска во сила новите мерки и рестрикции за невакцинираните во Грција, важат и за туристите

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian