ФОТО | Стефан Филиповски од „Некст тајм“ со емотивна објава за Влатко Илиевски: Бон Џови и Ковердејл, пред петнаесет години

1 min read

На социјалните мрежи пејачот на групата „Некст тајм“, Стефан Филиповски ги трогна своите бројни обожаватели објавувајќи една стара фотографија со прерано починатиот Влатко Илиевски.

Бон Џови и Ковердејл. Оваа слика е пред да бидете јас и Мартин – „Некст тајм“. Пред петнаесет години, стои во описот на објавата на Стефан која завршува со еморикон со натажено лице.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SteФan (@stefan_filipovski)

Животот на нашата рок – ѕвезда прерано зграсна. Во негово сеќавање лани беше објавена и компилација од неговите најголеми музички хитови под наслов „За љубов се пее до крај“.

Илиевски остана вечен непребол за целата македонска јавност, а зад себе остави многу песни со кои го продолжуваме сеќавањето за човекот со моќен глас.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by OGAE Italy (@ogaeitaly)

Покрај Стефан, бројни колеги од музичката сцена и пријатели преку социјалните мрежи често знаат да споделат фотографии од убавите дружења и настапи со Влатко кои засекогаш ќе останат во нивните срца како убави спомени.

Претходно

Тропската бура Николас се приближува кон Тексас

Следно

ИНФОГРАФИК: И тие што прележале ковид имаат имунитет, ама вакцината го „цементира“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian