ФОТО | Пожар во Шпанија: Евакуирани шест градови, пожарот стигна до познато одморалиште

2 mins read
Повеќе од пет дена, во Шпанија беснеат големи пожари а поради сериозноста на ситуацијата владата во Мадрид беше принудена да испрати војници кои заедно со 300 пожарникари и подржаани од 41 авион, се обидуваат да го забрзаат гаснењето на пожарите.

Огнената стихија принуди повеќе од 2000 луѓе да ги напуштат своите домови поради загрозувањето на нивните животи.

Најапогоден е југоиточниот регион на Шпанија и околината на одмаралиштето Коста де Сол, од касе во неделата беше евакуирано населението на шест градови и села, пишува Ал џезаира,

Шумскиот пожар, кој со помош на силен ветер се разгори и прошири , принуди над 2.000 луѓе да ги напуштат од своите домови. Досега е евидентирана и еда жртва, односно еднолице од брзата помош којс е обидувал да прижи лекарска помош на настрадани се задушил.

Пожарот избувна во средата на планината Сиреја Бермеја, која се наоѓа над Естепона, омилено место за одмор на британските туристи и пензионери. Ситуацијата прерасна во крајно критична, а огромни облаци чад може да се видат километри далечина .

Снимките објавени од итните служби покажуваат како пожарникарите се обидат да го локализираат пожарот на сув, пошумен терен.

Поради тоа, шпанските власти наредија итна евакуација на лицта кои се наоѓале во објектите како што се училиштата ,и спортските сали.

Премиерот Педро Санчез најави дека издал наредба за распоредување на воени единици за итни случаи кои ќе помагаат во гаснењето на пожарот

Пожарот досега зафатил повеќе од 6.000 хектари шумска површина.

Шпанските власти сопштија дека имаат индиции дека пожаарите се подметнати.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО+ФОТО | Ем-ти-ви награди: Бибер е изведувач на годината, а Оливија Родриго ја освои наградата „Поп-песна на годината“

Следно

Ѓилас до Меркел: Земи го Вучиќ со себе, сега кога ја напушташ политиката

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian