ФОТО: Најпосакуваните ергени го украдоа шоуто: Бред Пит и Бредли Купер го следеа УС Опен

2 mins read

Холивудските актери Бред Пит и Бредли Купер го „украдоа“ шоуто откако во неделата беа дел од публиката на финалето на УС Опен на стадионот Артур Еш во Квинс.

Натпреварот помеѓу српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и Данил Медведев будно го следеле холивудските ѕвезди.

Купер беше облечен во сина кошула и темно сини панталони, а Пит носеше сина поло маица, големи очила за сонце, сина маска и тренди бела капа.

бред пит, бредли купер
ФОТО: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Во близина на филмските ѕвезди седеа актерите Рами Малек и Џозеф Мазело, како и ТВ ѕвездата Гејл Кинг и тенисерот Роџер Федерер.

бред пит, бредли купер
Фото: EPA-EFE/PETER FOLEY

За закрепнувањето на Пит во голема мера е заслужен и неговиот колега и долгогодишен пријател Бредли Купер, кој му помогнал да се држи подалеку од алкохолот. Пит во една прилика отворено зборуваше за неговото пријателство со Купер, заблагодарувајќи му се јавно во јануари минатата година.

„Благодарам, Бредли! Бредли само што ја стави својата ќерка на спиење и побрза на овој собир. Морам да нагласам дека денес сум трезен само благодарение на него. Оттогаш, секој ден сум посреќен од претходниот. Тој е вистински пријател и душа од човек. Те сакам и повторно ти благодарам“, во една прилика рече Пит.

бред пит, бредли купер
Фото: EPA-EFE/PETER FOLEY

Купер и Пит се познаваат со години и соработувале на голем број проекти. Самиот Купер еднаш призна дека имал проблеми со пороците, кога во младоста експериментирал со опијати.

За потсетување, двајцата актери во моментов се сингл. Тешката борба на Пит со Анџелина Џоли околу старателство над децата, продолжува. Во 2019 година, Купер раскина со својата долгогодишна девојка Ирина Шајк, со која има четиригодишна ќерка.

Претходно

Илија Димитриевски ќе ја предводи советничката листа на СДСМ во Тетово

Следно

И во Скопје пристигна „Европскиот воз“, го донесе дома министерот Бочварски

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian