ФОТО: Браќата Њокас во новата сезона ќе бидат дел од Вардар 1961

1 min read

Оливие и Кевин Њокас ќе ги бранат боите на Вардар 1961 во новата натпреварувачка сезона, воедно двајцата играчи се веќе регистрирани од клубот за настап во Лигата на шампионите.

Браќата близнаци кои доаѓаат од Франција имаат по 35 години, Кевин Њокас настапува на позицијата десен бек, а Оливие како лев бек.

Сега се зголемува и конкуренцијата на овие позиции, на лев бек се и Филип Талески, Хрватот Анте Кудуз и уште еден Французин Бакари Диало, а на десен бек Томислав Јагуриновски, Кубанецот Јоел Моралес и Шпанецот Едуардо Гурбиндо, иако за овој последниот се шпекулира дека е можно да го напушти двократниот европски шампион.

Браќата Њокас, кои досега беа дел од РК Металург, го потврдија својот трансфер во Вардар 1961 преку социјалните мрежи и со нетрпение ги очекуваат новите предизвици.

Француските браќа близнаци Њокас со нетрпение ги очекуваат новите предизвици/Фото: Принтскрин/nyokas_twins instagram

Исто така и на официјалната веб страница на Европската ракометна федерација (ЕХФ) стојат имињата на двајцата ракометари во редовите на „црвено-црните“ регистрирани за настап во ЛШ.

Оливие и Кевин Њокас веќе регистрирани во ЕХФ за настап во ЛШ/Фото: Принтскрин/ehfcl.eurohandball.com

Потсетување дека екипата предводена од тренерот Веселин Вујовиќ својот прв меч во ЛШ во новата сезона ќе го има в среда (15 септември) во Норвешка против Елверум со почеток од 18.45 часот во рамките од групата „А“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ИНФОГРАФИК: И тие што прележале ковид имаат имунитет, ама вакцината го „цементира“

Следно

Путин: Има доста луѓе од моето опкружување кои се заразени со коронавирусот, можеби ќе треба да се самоизолирам

Latest from Blog

На денешен ден – 21 октомври

1422.- Умре францускиот крал Шарл VI, кој на престолот беше 42 години. Во почетокот на владеењето бил наречен „Саканиот Шарл“, но

MacedonianEnglishAlbanian