Елиминиран олимпискиот шампион, познати четвртфиналните двојки на одбојкарското ЕП

1 min read

Денеска се дознаа последните патници во четвртфиналето на Европското првенство во одбојка кое се одржува во четири земји: Полска, Чешка, Естонија и Финска.

Европскиот вицепрвак Словенија со резултат 3:1 во сетови 25:20, 25:18, 19:25 и 25:12 ја совлада селекцијата на Хрватска.

Чешка на домашниот терен во Острава со максимални 3:0 (25:22, 25:19, 34:32) ја елиминираше Франција која летово се закити со златото на Олимписките игри во Токио.

Хадрава во победничките редови имаше 18 поени, три помалку Вашина, а за „триколорите“ 20 поени беа дело на Патри.

Чесите во четвртфиналната фаза ќе играат против Словенците на 15 септември во Острава.

Европско одбојкарско првенство 2021

Четвртфинале, двојки –

14 септември Холандија – Србија
14 септември Полска – Русија

15 септември Италија – Германија
15 септември Чешка – Словенија

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Меркел во Белград: ЕУ има голем геостратешки интерес сите земји од ЗБ да се примат во ЕУ

Следно

Сѐ помалку ковид-пациенти во дебарската болница, денес по подолго време нема новозаразени

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian