ДЗС: Бројот на попишани граѓани надмина половина милион

1 min read

Заклучно до 18:00 часот денеска, попишани се 502.000 лица, објави денеска Државниот завод за статистика, откаде информираат дека попишувањето продолжува со посакуваниот интензитет и темпо.

– Попишани над 500.000 граѓани! Државниот завод за статистикa ги известува граѓаните дека за сите дилеми и нејаснотии кои ги имаат во врска со процесот на попишување можат да се обратат во Бирото за Попис и на телефонските броеви кои се објавени на веб-страницата popis2021.stat.gov.mk. Успешноста на оваа статистичка операција зависи од сите нас и е за сите нас!, објави ДЗС на официјална Фејсбук страница Попис 2021.

Во исто време, премиерот Зоран Заев упати благодарност до „граѓаните кои ја препознаваат важноста од брзо и успешно спроведување на пописот и кои со масовен одзив учествуваат во оваа статистичка и државничка операција“.

– Им честитам на сите ангажирани лица при спроведување на пописот и на Државниот завод за статистика, за нивната професионалност и за посветеноста на сите попишувачи кои работат на терен на цела територија на нашата држава. Очекувам пописот да продолжи со предвидената динамика и сите активности успешно да се завршат до 30 септември. Продолжуваме заедно, до успешен #Попис2021, објави Заев на Фејсбук.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Според СЗО и ФДА засега нема потреба од трета доза вакцина против Ковид

Следно

ВМРО-ДПМНЕ ја објави советничката листа за Битола

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian