Бремена жена убиена пробувајќи да спречи тепачка меѓу сегашното и поранешното момче

1 min read

Бремената Шанис Јанг (31) синоќа почина во Њујорк, откако се обидела да спречи конфликт помеѓу нејзиното сегашно и поранешно момче на забава која таа ја организирала како прослава на својата бременост.  

Таа давајќи подароци на прославата, во еден момент нејзиното поранешно момче се појавило со маска на лицето и започнал расправија со сегашното момче.  

Бремената жена застанала меѓу нив и се обидела да ја смири ситуацијата, меѓутоа, во таа прилика поранешното момче испукал со пиштол во неа. Куршумот ја погодил бремената жена, која била во осмиот месец од бременоста, во пределот на главата, и таа веднаш паднала на подот поради здобиените повреди.  

Полицијата набрзо пристигнала на лице место, а телото на бремената жена било пронајдено помеѓу паркираните возила. Покрај телото, пронајдени се и три чаури од 40 калибар, пишува Њујорк Пост. 

„Слушнав истрели и кога погледнав низ прозорецот, видов полицаец кој беспомошно се обидува да го спаси животот на една бремена жена. Ја видов како и прават вештачко дишење и масажа на срцето, се обидоа да ја спасат, но не успеаја“ – рече еден од соседите.  

Тие веднаш ја пренеле бремената жена во најблиската болница, меѓутоа, ниту таа, ниту бебето, за жал, не биле спасени. Соседите рекле дека Шанис живеела со својата помлада сестра и шестгодишната ќерка, откако минатата година нејзината мајка починала од рак. 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Владата да го преиспита системот за управување со кризи, предлага Советот за безбедност

Следно

Косовските социјалдемократи протестираа против затворањето на градинките

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian