Болница во Бугарија не може да најде лекар ни за плата од 2.000 евра

1 min read

Општинската болница во Велико Трново, лоцирана во северна Бугарија, бара лекар за плата од речиси 4.000 лева (2.000 евра).

Веста ја објави НОВА ТВ, како што додаде дописникот на МИА од Софија, станува збор за специјализирана белодробна болница во Велико Трново, која има недостиг од медицински лица, а болницата работи главно со пациенти кои страдаат од Ковид.

Раководството на белодробната болница во Велико Трново има позитивно финансиско салдо и бара медицински лица, нудејќи им многу добра плата. Почетната плата на младите лекари е 2.000 лева (1.000 евра) доколку се без специјалност, и 2.200 лева (1.100 евра) за дипломирани пулмолози.

Менаџерот на пулмоналната болница во Трново, д -р Стела Денчева, коментираше дека почетната плата од 2.000 лева (1.000 евра) не е лоша за лекар што ја започнува својата кариера.

Таа додаде дека станува збор за Велико Трново, а не Софија. Има средства во болницата, која има позитивно финансиско салдо, но немаше специјалисти. Според д -р Денчева, ова е случај со лекарите поради возраста на пулмолозите и поради малиот број дипломирани пулмолози.

Таа најави дека при работа со пациенти со ковид, платата се зголемува и во Бугарија има предвидено дополнителни 1.000 лева (500 евра) за лекарите што работат на првата линија.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Попис на населението во Хрватска од денеска до 17 октомври

Следно

Медведев: Ѓоковиќ за мене е најдобриот во историјата на тенисот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian