Блинкен денеска и утре на сослушувања во Конгресот поради Авганистан  

2 mins read

Државниот секретар Ентони Блинкен денеска ќе дава искази пред Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом, на сослушување на тема повлекувањето на американската војска од Авганистан. 

Повлекувањето претставуваше последна етапа од дведецениската авганистанска воена кампања, најдолгата војна во историјата на САД која следуваше по терористичките напади на 11 септември 2001 година. 

Законодавци-републиканци и неколку демократи ги искритикуваа дејствата на претседателот Џо Бајден околу тоа како се одвиваше повлекувањето на американската војска од Авганистан, како за хаотичната евакуација од таа земја на државјани на САД и илјадници Авганистанци, кои за време на војната работеа за вооружените сили на САД како преведувачи и консултанти. 

Критиката се засили откако во последните денови на евакуацијата во кабулскиот аеродром беше извршен терористички напад на бомбаш самоубиец, при што меѓу стотина загинати имаше и 13 американски војници. Одговорност за нападот презед групата „Исламска држава” со ќелија во Авганистан. 

Блинкен, утре, пак е на сослушување за истата тема пред Комитетот за надворешни работи на Сенатот.  

Според националните анкети, јавното мнение во САД дава широка поддршка на Бајден за запирањето на како што тој ја нарече „вечната војна”. Но не е во полза на тоа како се реализираше повлекувањето на американската војска. 

Државниот секретар се очекува да одговара на сложени прашања за тоа зошто евакуацијата на американските државјани не започна порано, во април, кога Бајден објави дека има намера да го спроведе договорот склучен меѓу талибанците и претходниот претседател Доналд Трамп за повлекување на американската војска. 

Британски војници се повлекуваат од Авганистан / фото: принтскрин Јутјуб

Закондавците исто така ги критикуваат заклучоците на разузнавачките служби кои не прогнозираа дека талибанците брзо ќе ја приграбат власта, и колапс на владата во земјата. По што од Авганистан побегна претседателот Ашраф Гани кој доби азил во Обединети Арапски Емирати. 

Републиканците планираат своите прашања да ги фокусираат на последните недели и денови од војната, додека демократите повеќе би се интересирале за анализа на воените напори на САД во текот на владеењето на четири претседатели, републиканците Џорџ Буш-помладиот и Трамп и демократите Барак Обама и Бајден

www.slobodenpecat.mk

Претходно

КК Работнички воопшто не би функционирал без помошта од Општина Центар

Следно

Кичеец преместен во полуотвореното одделение во струшкиот затвор поради новата постапка

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian