„АртАреа 5“ во „Буква“ од 14 до 19 септември 

2 mins read

Со промоција на збирката раскази „Утрото на бессоните“ од Андреј Ал-Асади, во кафе-книжарницата „Буква“ од 14 до 19 септември,  во организација на издавачката куќа „Бегемот“, ќе се одржува петтото издание на книжевниот фестивал „АртАреа“.

Во рамките на програмата  ќе се одржат промоции на: збирката есеи „Интелектуалци, политика, култура“ од Данило Коцевски, сликовницата „Розовата планета“/„Planeti Rozë“ од Мирко Попов и Нита Муча (Чудна шума), збирката раскази „Во кратки црти“ од Сања Михајловиќ-Костадиновска, збирката раскази „Престапни години“ од Оливера Ќорвезироска, како и на збирките „Правда за кратката проза“, „Иншала, Мадона, иншала“ и „Митологија на транзицијата“.

На фестивалот ќе гостуваат авторите Миљенко Јерговиќ (Хрватска) и Алек Попов (Бугарија), додека по повод македонскиот превод на збирката „Џојсовиот ученик“, видеообраќање ќе има Драго Јанчар, а е планиран и џез-концерт на „Летечки пекинезери дуо“.

На последниот ден од фестивалот ќе се одржат: изложба на табли од македонски стрип-автори,  стрип-работилница за млади со Никола Темков и Игор Јовчевски,  мал саем на македонски стрип-изданија, промоција  на изданието „Стрип – деветтата уметност“ од Томислав Османли, како и проекции на анимираните филмови „Хансел и Гретел: вистинска приказна“ и „Човекот што не сакаше да умре“ од Гоце Цветановски и на долгометражниот анимиран филм „Jon Vardar vs the Galaxy“.

Фестивалот е под покровителство на Креативна Европа – Култура и Министерството за култура, а партнери се кафе-книжарницата „Буква“, „Стрип квадрат“, „Бункер“, „Чудна шума“.

http://kultura.gov.mk/

Претходно

Слован најдобар на првото издание на турнирот „Драган Василов Цевка“

Следно

Заев: Не мислам дека целата Влада треба да си поднесе оставка поради несреќата во Тетово

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian