Арифи: Тетовската болница од повеќе институции барала помош околу безбедноста на модуларниот центар

1 min read

Тетовската градоначалничка, Теута Арифи, изјави дека пред да избие катастрофалниот пожар кој однесе 14 животи, имала сознанија оти Клиничката болница во градот барала помош од неколку институции околу ситуацијата со модуларната болница.

Арифи не одговори од кои институции болницата побарала зголемување на мерките за обезбедување и ги упати новинарите за тоа да бараат одговори од самата болница.

– Знам дека тие имале обраќање до повеќе институции за да се зголеми сигурноста, но за тоа ќе треба да ги прашате нив, рече Арифи по приемот на персоналот и преостанатите граѓани кои помогнаа во справувањето со последиците од пожарот, рече градоначалничката.

Локалните власти денеска потврдија оти германските експерти се веќе дел од тимот кој треба да ги истражи причините за пожарот, но засега не се соопштуваат детали околу истрагата. Според локалните информации, истрагата на терен е завршена, но има уште сослушувања и собирање на документи.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Ќерката на Сара Мејс и Димитар Атанасовски го прослави третиот роденден: Иста фризура како мама и забава од бајките

Следно

Три врвни имиња ја почнаа последната сезона во француската лига

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian