Американец починал од срцев удар бидејќи сите болници се преполни од ковид пациенти

1 min read

Трговец со антиквитети од Алабама починал од „срцев удар“, откако персоналот на брзата помош во неговата локална болница не успеале да најдат кревет, откако тие контактирале десетици единици за интензивна нега во три соседни држави, но било залудно, бидејќи болниците насекаде се преполни од случаите со инфицирани лица од ковид-19. 

Мажот, Реј ДеМонија, почина на 1-ви септември, три дена пред неговиот 74 -ти роденден, изјави неговото семејство. ДеМонија почина бидејќи случаите на корона во земјата, кои имаа една од најниските стапки на вакцинација во земјата, продолжија да растат, пренесува Ен -Би -Си њуз. 

Семејството изјави дека тој починал во болницата Раш Фондација во Меридијан, Мисисипи, откако вработените во Медицинскиот центар Калман контактирале 43 единици за интензивна нега и не можеле да го најдат кревет за него. 

Според Центрите за контрола и превенција на болести, Алабама има една од највисоките стапки на нови случаи на корона во земјата, со околу 541 на 100.000 луѓе тестирани позитивно во изминатите седум дена. 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Вечерва и утре ќе се емитува „Охрид фест“: Ќе настапат бројни звучни имиња од естрадата

Следно

Владата да го преиспита системот за управување со кризи, предлага Советот за безбедност

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian