ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Хорор повредата на Елиот ја остави во сенка победата на Ливерпул

1 min read

Фудбалерите на Ливерпул го совладаа Лидс на гостински терен со резултат 0:3 (0:1) во рамките од четвртото коло во Премиер лигата.

„Црвените“ од Енфилд поведоа со голот на Салах во 20 минута, после асистенцијата на Александер-Арнолд.

Вториот гол беше дело на Фабињо на стартот од второто полувреме, односно во 50 минута од средбата на „Еланд роуд“.

Третиот гол го реализираше Мане во 92 минута, Сенегалецот во текот на натпреварот имаше доста нереализирани шанси.

Ужасната повреда на младиот фудбалер на Ливерпул, Харви Елиот ја остави во сенка победата на неговиот клуб.

Страјк фаулираше, 18-годишниот играч од средниот ред доживеа незгодно приземјување и претрпе страшна повреда. Играчот на Лидс доби директен црвен картон.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Целосно изгаснат големиот шумски пожар над железничката станица „Рајко Жинзифов” кај Велес

Следно

Инцидент во Римини: Сомалиец со нож избоде петмина, меѓу кои и дете

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian