Во трката за градоначалник во Дебар тројца, во Центар Жупа двајца кандидати

1 min read

 На претстојните локални избори, што ќе се одржат на 17 октомври, во трката за градоначалничката функција во општина Дебар ќе будат тројца, а во соседната општина Центар Жупа двајца кандидати.

-До комисијата доставени се три кандидатури за градоначалник на Дебар и шест кандидатски листи за членови во идниот состав на Советот на општината. Кандидати за иден градоначалник се Хекуран Дука, од ДУИ, Беким Поцеста од Алијансата за Албанците и Петрит Клења од Демократската партија на Албанците, изјави за МИА, Маџиде Атипи, претседателка на Општинската изборна комисија.

Додаде дека за членови во Советот на општината советнички листи имаат СДСМ, ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ, Беса и со заедничка листа настапуваат Алијанса за Албанците-Алтернтива.

-Во општина Центар Жупа за градоначалник конкурираат двајца кандидати и тоа Аријан Ибраим, од Турската демократска партија и Шаин Шаќир од партијата Движење за национално единство на Турците. За советничките места има шест листи и тоа од Турската демократска партија, СДСМ, ВМРО- ДПМНЕ, Партијата движење за национално единство на Турците и ДУИ, потврди за МИА, Неџип Илјаз, претседател на ОИК за општина Центар Жупа.

И двете општини потпаѓаат под Изборна единица број 5. Во општина Дебар ќе се гласа на 27, додека во општина Центар Жупа на 16 избирачки места.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Британскиот министер за здравство не очекува нови затворања поради коронавирусот

Следно

Папата Франциск пристигна во четиридневна посета на Словачка

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian