Во Штип четворица кандидати за градоначалник и седум советнички листи

1 min read

Ванчо Санев  од коалицијата на ДОМ и ЛДП, Симеон Поликарп од Интегра, Сашко Николов од СДСМ и Иван Јорданов од ВМРО-ДПМНЕ се кандидатите за градоначалници за Општина Штип.

Во Општинската изборна комисија се уште трае процедурата за разгледување на кандидатските листи за градоначалници и претседателот на ОИК-Штип, Виктор Вацев вели дека во текот на утрешниот ден и официјално ќе ги објават.

За пополнување на 23 советнички столчиња во Советот на Општина Штип кандидатски листи за советници доставиле седум партии ВМРО-ДПМНЕ со коалициските партнери, СДСМ со коалициските партнери, Интегра, коалицијата на ДОМ и ЛДП, ТМРО, Левица и Сојузот на Роми.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Папата Франциск пристигна во четиридневна посета на Словачка

Следно

Еден податок е на страната на Медведев пред финалето со Ѓоковиќ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian