Во нападите во Сирија и Ирак загинаа двајца турски војници

1 min read

 Двајца турски војници загинаа денеска во напад во прекугранични операции во Сирија и Ирак, соопшти Министерството за одбрана.

Како што е наведено, еден војник загина во пожар предизвикан од „сепаратистички терористи” додека неговата единица ја напушташе базата во северен Ирак, а друг војник загина во сириската провинција Идлиб од здобиените повреди.

Вкупно четворица војници беа убиени во текот на викендот.

Турција во април започна копнена и воздушна кампања во северен Ирак и воспостави неколку бази во регионот.

Турција, како и САД и Европската унија, сметаат дека Курдистанската работничка партија (ПКК) е терористичка организација.

Десетици илјади луѓе се убиени од почетокот на вооружената кампања на ПКК против Турција во 1984 година.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Утре седница на Советот за безбедност

Следно

Папата Франциск во Будимпешта се сретна со Виктор Орбан

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian