ВИДЕО: Пандев и Џенова од 2:0 до 2:3, Удинезе минимално со Специја

1 min read

Се одиграа уште три натпревари од третото коло во најсилното италијанско првенство, Џенова иако беше во негатива од 2:0 против Каљари, на крајот успеа да дојде до бодовите.

Каљари водеше со головите на Жоао Педро (од пенал) во 16 минута и Чепители во 56 минута.

Гостите намалија во 59 минута со голот на Дестро, а веднаш после тој погодок играта ја напушти македонскиот напаѓач Горан Пандев.

Не се предаваа играчите на Балардини, и во 69 и 78 минута направија целосен пресврт за прв триумф сезонава по поразите од Интер и Наполи.

Торино беше убедлив против Салернитана (4:0), додека Удинезе славеше минимално кај Специја со резултат 0:1.

На овој меч во составот од Удине не беше нашиот интернационалец Илија Несторовски кој сè уште се опоравува од повредата на коленото.

Во генералниот пласман Удинезе е на третото место со седум бодови, колку што има и второпласираниот Интер, лидер е Наполи со девет, а Џенова е на 13 позиција со три бодови.

ВИДЕО: Интер за првпат без триумф сезонава во Серија А

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Мицотакис оптимист за текот на грчката економија, уште еднаш ја отфрли можноста за предвремени избори

Следно

Мицкоски: Победник на локалните избори ќе биде најголемиот опозициски блок

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian