ВИДЕО: Интер за првпат без триумф сезонава во Серија А

1 min read

Интер во рамките од третото коло во најсилната италијанска Серија А одигра 2:2 на гости кај екипата на Сампдорија.

„Нераѕурите“ поведоа во два наврати, прво во 18 минута со голот на Димарко, а потоа за израмнување се погрижи Јошида во 33. минута.

Непосредно пред крајот на првото полувреме Мартинез донесе нова предност за составот од Милано во 44 минута од средбата на стадионот „Луиџи Ферарис“.

Конечниот резултат го постави Аугело во 47 минута за втор бод сезонава за Сампдорија.

Интер е втор по три кола со седум бода, два помалку од водечкиот Наполи на Елиф Елмас, додека Сампдорија е на 13 позиција со два бода.

„Наполитанците“ во саботата триумфираа во дербито на колото со 2:1 против тимот на Јувентус.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Беше најбрз меѓу 26.000 учесници во Виена, па дисквалификуван поради 10 милиметри

Следно

Ковид се појави во зоолошката во Атланта, 13 горили заразени

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian